И останатите осомничени од општина Карпош на суд

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 15:11

ОБНОВЕНО: И четворицата службеници во општина Карпош донесени на суд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Финансиската полиција на распит ги донесе лицата кои се осомничени за злоупотреба на службената положба во делот на три јавни набавки во општина Карпош за време на мандатот на поранешниот градоначалник Јакимовски кој исто така беше приведен во врска со овој случај. 

Финансиската полиција освен против Јакимовски поднесе кривична и за М.Д. во својство на раководител на секторот за Јавни набавки Н.Н. во својство на помошник раководител на секторот за финансиски прашања С.М. во својство на раководител на одделението за норматива во правниот сектор и А.С. раководител на одделението за сметководство.

Тие се спроведени во судот каде судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе има мерки на претпазливост додека Јакимовски и натаму се наоѓа во полициска станица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.