Ако денес воопшто немало прскање зошто тогаш Шилегов не се извини за лагата а не за видеото со грешен датум

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 15:43

ОБНОВЕНО: Шилегов и враќање во иднината: “се извини за видеото и најави ново ама од утре”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Град Скопје се извини за грешката со испраќањето линк од видео кое е објавено на 8 јули 2018 година а се однесува на прскање против комарци.

“Ја увидовме грешката што ни ја посочија дел од вашите колеги новинари односно сме објавиле видео за почетокот на третото прскање против комарци со авион а кое што е од почетокот на минатиот месец односно од второто прскање.

Очекуваме ново видео за прскањето против комарци кое ќе се направи утре и истото ќе ви го доставиме. Закажаното полетување на авионите е во 05 часот на спортскиот аеродром Стенковец. Ве покануваме да дојдете и да присуствувате на подготовката и нивното полетување.” – се наведува во извинувањето од Град Скопје.

За потсетување Град Скопје тврди дека прскањето со авион почна изминатата ноќ а ќе се одвива и во наредниве три дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.