Според објавените резултати, во првите десет се рангирале и Германија, Јужна Кореја, Австралија, Кина, Нов Зеланд, Сингапур и Јапонија.

Објавил: Перо Милчин | 14 април, 2020 21:42

ОВА СЕ НАЈБЕЗБЕДНИТЕ ЗЕМЈИ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Најризичните се во Европа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Израел се најде на првото место на листата на најбезбедни земји во пандемија на вирусот корона, според резултатите од студијата на „Deep Knowlegde Group“.

Според објавените резултати, во првите десет се рангирале и Германија, Јужна Кореја, Австралија, Кина, Нов Зеланд, Сингапур и Јапонија.

Конзорциумот, исто така, направи список на земји што се под најголем ризик денеска.

Италија, САД, Велика Британија, Шпанија и Франција влегоа во првите пет. По нив следуваат Шведска, Иран, Еквадор, Филипините и Романија. Србија не е на ниту еден од овие списоци.

При формирањето на списокот, аналитичарите обрнаа внимание на информациите: кога стапија на сила ограничувањата за движење, должината на карантините, случаите на нивно кршење, како и мерките за економска поддршка на државите.

Авторите на студијата, исто така, обрнуваа внимание на тоа дали има широко распространет пристап до тестирање во овие земји, како и количината на ресурси на здравствените системи и други вонредни мерки воведени од државите.

Земјите во кои третманот со коронавирус е најефикасен се наведени: Германија, Кина, Јужна Кореја, Австрија и Хонг Конг

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.