На семеен настан може да бидат сите кои се со живеалиште на таа адреса, плус најмногу четворица други.

Објавил: Владо Марин | 8 октомври, 2020 18:05

ОВА СЕ НАЈНОВИТЕ МЕРКИ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Согласно епидемиолошка слика и анализите на ИЈЗ, како и препораките на Комисијата за заразни болести, донесовме одлука за препорака до Владата на нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот, вели министерот за здравство, Венко Филипче!

➡️ Забрана за групирање во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи. Во едно живеалиште може да се примат најмногу четири луѓе. На семеен настан може да бидат сите кои се со живеалиште на таа адреса, плус најмногу четворица други.

➡️ Се забранува групирање на јавен простор после 22:00 часот на повеќе од четири луѓе. Забрануваме групирање по паркови, безниски пумпи или било каде на отворено на поголема група граѓани

➡️ Задолжително носење на маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, затворено во било кои јавни објекти, на работно место, и во јавен и приватен транспорт.

Исклучок е при спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт во приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство.

При седење во угостителски објект со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, престој во службени простории – канцеларија ако лицето е само во просторијата.

Исклучок од задолжително носење на маска имаат и децата до 6 години, односно до претшколска возраст.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.