Министерството за здравство за оваа сезона на грип набави 40.000 дози на четиритипни вакцини против грип, наменети за бесплатна вакцинација на ризични групи. Во споредба со минатата сезона, за која се набавија 28.000 дози на вакцини, оваа година за околу 40% се зголемија количините.

Објавил: Перо Милчин | 10 декември, 2020 12:26

ОД ДЕНЕСКА ПОГОЛЕМ БРОЈ ТЕРМИНИ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП, КОЛИЧИНИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ИМА СОСЕМ ДОВОЛНО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител, истакна дека вакцините против сезонски грип не се потрошени и најави дека од денеска ќе има поголем број термини за вакцинација.  

-Тоа што го видовме во овој изминат период е еден огромен интерес како што никогаш немало минатите години. Ние имавме многу помалку вакцини и никогаш освен во првата недела што е вообичаено немаше ваков интерес. Во смисла на правење распоред, се направи распоред да има една одредена временска дистанца меѓу времето на апликација на вакцините на граѓаните со цел да не се прават гужви во амбулантите. Понатаму, еден дополнителен проблем којшто излезе на виделина сега од изминатите недели е практично системот на закажување, но токму поради големиот интерес.

Електронскиот систем не можеше да ограничи еден наспроти друг матичен лекар да зафати помалку термини, на сето ова работеше системот Мој Термин. И тоа што ќе се случува од денеска е да има поголем број термини и поголема достапност за матичните лекари согласно досегашното искуство. Од денес практично на некој начин да се ограничат матичните лекари да не може секој еден да зафати поголем број термини, во однос на другите матични лекари од таа регија и повеќе термини за вакцини, потенцира Филипче.  

Тој изјави дека количините за вакцинација се сосем доволни.  

Вакцините не се потрошени, продолжува системот на вакцинација. Можевме ние да направиме и друг систем нагло да се пуштат сите вакцини и да пробаме да се извакцинира поголем број граѓани, во пократок временски период, меѓутоа сметам дека тоа ќе беше голем хаос во амбулантите – огромни гужви коишто на некој начин се и ризик, оттука да се направат мини кластери, рече Филипче.  

Министерството за здравство за оваа сезона на грип набави 40.000 дози на четиритипни вакцини против грип, наменети за бесплатна вакцинација на ризични групи. Во споредба со минатата сезона, за која се набавија 28.000 дози на вакцини, оваа година за околу 40% се зголемија количините.

Бесплатна вакцинација против сезонски грип се врши на 6 пункта на Здравствен дом Скопје, како и во здравствените домови во Велес, Неготино, Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово,Кратово, Крива Паланка, Берво, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево, и Кочани.

Вакцинација се врши во општите болници во Гевгелија, Дебар и Кавадарци.

Во оваа сезона на вакцинација против сезонски грип, првпат е овозможено бесплатната вакцинација на здравствените работници да се спроведува во нивните матични установи, наместо да одат како и досега во центрите за јавно здравје.   

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...