Шабан Шаулиќ беше погребан денеска на Ново Гробје во Србија. На погребот го испратија многу бројни пријатели и роднини и личности од музичкиот јавен живот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 февруари, 2019 23:17

Од погребот на Шабан се направи циркуз, загинатиот Мирсад заборавен во јавноста

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На социјалните мрежи вечерва се појавија коментари од фановите на загинатиот музичар Мирсад Кериќ, како тој овие денови беше заборавен од јавноста, бидејќи во медиумите се споменува  само смртта на познатиот пејач Шабан Шаулиќ.

На социјалните мрежи вечерва голем број фанови на загинатиот музичар Мирсад Кериќ напишаа дека, тој овие денови не беше споменуван во јавноста, за неговата смрт, бидејќи главна тема бил српскиот пејач и крал на народната музика Шабан Шаулиќ.

Кога големите прават неправда тогаш народот ја исправа, НЕПРАВДА! со овие зборови го започна малата Мериима потресниот статус за неправдата која му се нанесла на семсјтвото на   прекрасниот музичар Мирсад кој  бил заборавен од јавноста и ставен во сенка покрај великанот Шабан. Шабан ова немаше да го дозволи напиша таа НЕ НИКОГАШ!

Напиша дека и Мирсад Кериќ имал фамилија која го чекала дома, деца и сопруга, но никој не спомнал ништо за нив и не им била понудена никаква помош од страна на надлежните. Овие денови главна тема е смртта на српскиот пејач Шаулиќ, а веројатно јавноста и медиумите заборавија дека во тешката сообраќајна несреќа настрада и уште еден човечки живот, пишуваа на социјалните мрежи.

Со многу остри коментари исто така се упатија и до владата на република Србија, за авионот што го транспортираше Шаулиќ од Германија. Тие изјавуваат длабоко жалење за неговата смрт, но сметаат дека сето ова е претерано и ги премина сите граници. 

Да потсетиме Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреќа во неделата наутро, а додека неговиот возач и музичар Мирсад Кериќ им подлегна на повредите неколку денови подоцна во болницата во Германија.

Шабан Шаулиќ беше погребан денеска на Ново Гробје во Србија. На погребот го испратија многу бројни пријатели, роднини и личности од музичкиот јавен живот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.