Температурите ќе достигнат до 36-тиот степен

Објавил: admin@magazin | 9 јули, 2018 15:50

Од утре стабилизирање на времето

Фото/Текст извор: ©ухмр

Стабилизирање на времето од утре и потопло време најавуваат метеролозите.

Според информациите од УХМР утре само во северните делови се уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд, како и во петок во попладневните часови.

Максималните температури ќе достигнат до 36 степени, а утринските од 10 до 19 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.