Сите кои не отворија нова сметка, ќе треба тоа да го направат до седми, 14 или 25 септември, што значи августовската пензија ќе ја добијат по тој рок.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 август, 2020 11:34

Околу 20.000 пензионери од Еуростандар банка ќе останат без пензија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Околу 20.000 пензионери кои имаа сметки во Еуростандард банка нема да добијат на време пензија, објави Курир.мк.

Тие беа информирани да отворат сметка во друга бакна, а рокот истече вчера.

Сите кои не отворија нова сметка, ќе треба тоа да го направат до седми, 14 или 25 септември, што значи августовската пензија ќе ја добијат по тој рок.

Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување велат дека тие ќе имаат можност да го сторат тоа подоцна, посочувајќи дека ќе има вонредни исплати во текот на цел септември, но апелираат граѓаните да извадат нова трансакциска сметка што е можно побрзо.

До вчера, кога беше рокот да го сторат тоа, околу 30.000 пензионери кои што земале пензија преку Македонска пошта, отвориле сметка во друга банка, па поради тоа ќе можат да ја подигнуваат својата пензија.

Инаку пред речиси една недела Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје затоа што банката не ги исполнувала минималните законски услови за работење и не е солвентна. Банката е исклучена од платниот промет, што значи дека сите граѓани и фирми што имаат сметки во банката не можат ниту да ги допрат своите пари, ниту, пак, да се раздолжуваат со земените кредити онака како што се договориле со банката, туку тоа треба да го средуваат со стечајниот управител.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.