Во ОН отворено стравуваат дека постои можност Трамп да се скара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган или иранскиот претседател Хасан Рохани како се говорници во ист ден

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 6:41

ОН стравуваат од говорот на Трамп на Генералното собрание

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, иранскиот претседател Хасан Рохани и новите лица од Нов Зеланд и од Зимбабве ќе зборуваат на најголемиот меѓународен политички собир овој месец.

Но, светскиот фокус повторно ќе биде на американскиот претседател Доналд Трамп, на кого ова ќе му биде втор настап на Генералното собрание на ОН.

Меѓу новите лица кои ќе се појават на годинешното заседание на Генералното собрание на ОН се новиот претседател на Зимбабве Емерсон Мнангагва, чиј претходник Роберт Мугабе беше редовен гостин од 1978.

Новозеландската премиерка Жасинда Ардерн, втората претседателка на влада која роди на функција во историјата, ќе ја донесе со себе и својата тримесечна ќерка Нев.

Соединетите Држави традиционално се во фокусот како втори по ред на говорницата. Сите очи годинава ќе бидат насочени во американскиот претседател Доналд Трамп, но од сосема погрешни причини.

Трамповиот дебитантски настап минатата година се очекуваше со голем интерес, но тој сега повеќе не е мистерија. Сега само се стравува дека ќе се однесува подеднакво лошо како на самитите на групата Г7 и НАТО, изјави експертот за ОН Ричард Гоуан, професот на универзитетот на ОН кој работел и на Њујошркиот универзитет и универзитетот Колумбија.

„Сите стравуваат дека ќе се повтори кошмарот од неговото однесување на самитот на НАТО и ќе почне да прозива други земји за тоа што не уплаќаат доволно пари на ОН и ќе се закани со сопирање на финансирањето“, вели тој.

Постои и можност да се скара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган или иранскиот претседател Хасан Рохани, и двајцата во лоши односи со Трамп, а треба да зборуваат истиот ден.

Можеби ни Трамповите минати дипломатски „успеси“, главно неговиот самит со севернокорејскиот лидер Ким Џон Ун од јуни во Сингапур, нема да има толкав одек. Некои се надеваа дека благодарение на тој самит Ким Џонг Ун ќе се појави на генералното собрани на ОН, но Пјонгјанг ќе испрати министер.

Но Гоуан смета дека иранскиот нуклеарен договор веројатно ќе биде во фокусот на Трамп годинава.

САД објавија дека Трамп ќе претседава со средба на Советот за безбедност посветена на, меѓу другото, „иранската дестабилизирачка агресија и спонзорирањето тероризам“.

Гласините дека Трамп ќе го претстави својот долгоочекуван мировен план за Блискиот Исток ги стиши американската амбасадорка во ОН Ники Хејли, која кажа дека планот е при крај, но не е готов.

Сирија сигурно ќе биде на дневниот ред на билатералните средби, имајќи предвид дека светските лидери во поселдните недели силно апелираа до Москва и владата на Башар Ал Асад да спречат крвопролевање во Идлиб, последното упориште на бунтовниците во Сирија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.