На влезната врата на Министерството за здравство јајца фрлал Иван Покупец во знак на протест поради смртта на момчето во Запрешиќ

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 август, 2018 10:19

Опозицијата во Хрватска фрлала јајца на Министерството за здравство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На влезната врата на Министерството за здравство јајца фрлал Иван Покупец во знак на протест поради смртта на момчето во Запрешиќ а Покупец за тоа го обвинува здравствениот систем и бара оставка од министерот.

Од хрватската партија Слободна Хрватска соопштено било синоќа дека е приведен ко претседателот на таа политичка партија Дамир Кристијан Рогина после акцијата со гаѓање јајца на Министерството за здравство.

На влезната врата на Министерството за здравство јајца фрлал Иван Покупец во знак на протест поради смртта на момчето во Запрешиќ а Покупец за тоа го обвинува здравствениот систем и бара оставка од министерот.

Случајот е познат на јавноста и како “Скандал во Хрватска: Момче починало бидејќи екипата на Брза помош дошла без доктори?”

Тој на новинарите им се претставил како граѓанин и жртва на хрватскиот здравствен систем “кој секој месец одвојува 15 отсто од својата плата за да не се случуваат вакви работи”.

Снимката на фрлањето јајца на влезната врата на Министерството за здравство е објавена на Фејсбук страницата на политичката партија Слободна Хрватска тука.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.