Во Германија има и џамии , кои се под директно влијание на арапските земји како Саудиска Арабија , во кои се негува крајно конзервативна форма на Ислам.

Објавил: admin@magazin | 26 декември, 2018 17:25

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ИСЛАМОТ : Германија воведува верски данок за муслиманите

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Политичарите на владеачката демохристијанско – социјалдемократска коалиција се изјаснија за воведување верски данoк во Германија и за муслиманските верници , со што би се овозможило независно функционирање на џамиите и другите верски објекти.

Според исламските научници исламот се дефинира како систем на закони и распореди за олеснување на човечкиот живот и прифаќање на Бог како создател.  Најголемиот број џамии во Германија , во кои одат турските верници со над два милиона членови се под контрола на турското здружение Дитиб , директно контролирано од турската Влада. ,, Целта ни е да се ослободи Исламот во Германија од влијанијата од странство и да се засили ориентацијата на изворите во Германија. “ , рече потпретседателот на пратеничкиот клуб од владејачката партија ЦДУ .

Исламот е монотеистичка религија која се вбројува во аврамските религии и е втора религија по распространетост во светот. Следбениците на оваа религија се нарекуваат муслимани. Муслиманите веруваат дека Бог ја предал својата божествена реч во облик на откровенија преку разни пророци и дека Мухамед бил последниот Божји Пратеник. Исламот најдобро се дефинира според Куранот кој за муслиманите е безгрешна реч предадена од Алах на Мухамед.

Партнерот на Меркел , Социјалдемократската партија , се залага за процес на одвојување на исламскиот  живот во Германија од странските влијанија и финансирања.
Во Германија има многу џамии , кои се под директно влијание на арапските земји , како Саудиска Арабија , во кои се негува крајно конзервативна форма на Ислам.
Во овие џамии беа кативни терористите кои ги вршат последните напади , како на божикниот саем во 2015 во Берлин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести