Во однос со барањето на Бугарија јазикот да се нарекува официјален јазик на Македонија, Османи истакна дека ставот е јазикот да се нарекува, онака како што било предложено од Европската комисија – македонски јазик!

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 декември, 2021 15:30

Османи: Спорот со Бугарија може да се реши во јануари

Фото/Текст извор: ©магазин/канал 5

Со добивањето на стабилна Влада во Бугарија се отвора патот за пронаоѓање на решение на спорот уште во јануари и деблокирање на европските интеграции на Македонија. 

Во однос со барањето на Бугарија јазикот да се нарекува официјален јазик на Македонија, Османи истакна дека ставот е јазикот да се нарекува, онака како што било предложено од Европската комисија – македонски јазик!

-Јазикот произлегува од правото на самоопределување на секоја држава. Се признаваат државите, а не атрибутите, кои тие држави ги имаат. Затоа сметаме дека тоа не е барање, кое треба да биде спор или препрека на патот за членството во ЕУ. Сметаме дека тој предлог на европското претседателство на двете земји да имаат свои еднострани позиции во ЕУ во однос на јазикот, а самата ЕУ да ги прифати двете позиции, за нас тоа е решение на прашањето, рече Османи.

За словенечкиот амбасадор во земјава, Предан возможен е пробив во спорот со Бугарија, а меѓу приоритетните чекори што треба да ги направи Македонија, како што рече, е конечно да испрати амбасадор во Софија. Во интеврју за Радио Слободна Европа, тој смета и дека од рокот од шест месеци за решение предложен од бугарскиот премиер Петков може да биде и пократок.

Француската абасадорка во Софија во интервју за бугарската национална телевизија изјави дека меѓу приоритетите на Франција во текот на престојното претседателство, е и да се преземат чекори да се отворат позитивни патишта за Македонија во што Бугарија како земја членка може да помогне.

-Сакам да кажам дека во случајот со Македонија не станува збор за давање зелено светло за влез во Европската Унија, туку за почеток на преговори, кои ќе потраат повеќе години.

Пред неколку дена Бугарија повторно го потврди ветото на македонските евроинтеграции. Бугарскиот претседател Радев, меѓу дузината услови, како клучен го посочи вметувањето на Бугарите во македонскиот устав.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.