Во бугарскиот лекарски сојуз во шок, МВР и Спасовски сеуште не знаат точно каде е осуденикот Дамчевски додека Кривичен се брани дека не е нивна надлежност да бара притвор

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 7:28

Осудениот гинеколог Дамчевски, пребегал од Македонија па работи во Софија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена избегал од Македонија и работи во Софија.

Наместо да оди на издржување на казна затвор во траење од две години, пресуда која е извршна, тој им избегал на македонските правосудни органи. Освен казната затвор која Апелациониот суд ја потврди и ја зголеми од 18 месеци на 2 години, Дамчевски има и забрана за вршење на дејноста во траење од 8 години.

Додека македонските правосудни органи и МВР се уште проверуваат каде е, НОВА ТВ го пронајде во Бугарија каде слободно работи како гинеколог во државниот Медицински центар „Мајчин дом“. Таму Дамчевски слободно закажува термини и прегледува и лекува пациентки.

Во потрага по Дамчески, за да провери дали навистина работи во Медицинскиот центар, новинарската екипа закажа термин за преглед, преку бугарска државјанка, која се приклучи на истрагата. Но, договорениот термин, не се реализираше, бидејќи беше само потврда дека Дамчевски навистина работи и прегледува таму.

И покрај тоа што Лекарската комора на РМ, му ја одзема лиценцата за работа, тој успеал да се вработи вработи како гинеколог акушер во една од најзначајните здравствени установи во Софија, Медицински центар за мајчинство со амбулантска медицинска нега, каде се нудат консултации со специјалисти од Универзитетската болница “Мајчин дом ” и доколку е потребно се упатува на болничко лекување во Универзитетската болница.

Таму ординираат еминентни специјалисти во една ретка област како што се детска и адолесцентна гинекологија, се вршат набљудувања и третмани на неврохормоналната регулација на менструалниот циклус, се прави третман на дефекти во развојот на сексуалниот систем, превенција на болести поврзани со абнормални полови хормони.

Но, не е само ова, осудениот гинеколог Дамчевски станал и член на Лекарскиот сојуз на Бугарија. 

Кога се зачлени кај нас донесе документ, потврда дека има лиценца за работа и дека е член на Лекарска комора на РМ од 17 март 2016 година, како и потврда дека не е осудуван од 10 август 2018 година. Со овие документи тој може да работи и да стане наш член. – потврдија во Лекарскиот сојуз на Бугарија.

Но, она што загрижува и во исто време шокира, е што македонските правосудни органи и МВР немаат контрола, ниту поим каде се наоѓа Дамчевски и дека избегал од државата. 

Во Апелациониот суд пак, кој ја потврди пресудата од Основен суд 1, велат дека за Дамчевски немало одредено посебни мерки на претпазливост бидејќи тоа не го побарал Основен суд 1, односно тоа не го побарал јавниот обвинител.

Имавме само жалба за висината на казната и за забраната за вршење на дејност. Од првостепениот суд требало да побараат такви мерки на претпазливост, ние тоа не го одредуваме. -изјави Сафет Кадри, портпарол на Апелационот суд.

Според пресудата, гинекологот Дамчевски е виновен за тешки дела против здравјето на луѓето и фалсификување исправа. Тој пред судот ја призна вината и за двете дела, Несовесно лекување и Фалсификување на медицински документи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.