Српските медуми, а и добар дел од јавност, веќе имаат саркастично име за првиот ден од отворањето на продавниците на Лидл во Србија, го нарекуваат ден "Атак за батак"

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 8:56

Отворање на Лидл во Србија, медиумите известуваат “Атак за батак”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ланецот маркети Лидл конечно ги отвори своите продавници во Србија, а илјадници Срби во редови чекаа да влезат во еден од 16-те маркети уште од раните утрински часови.

Според српските медиуми, постојано имало барем 500 лица кои чекале за влез во маркетите за да купат нешто од производите на акција.

Најголема “тепачка” имало за пилешкото месо, а дополнување на фрижидерите со пилешко се правело на секои пет минути.

Исто така, голем интерес на купувачите имало и за бананите, чоколадите, млекото и шеќерот.

Како што пренесуваaт српските медиуми, во дел од маркетите за малку ќе дошло и до тепачки.

Од поинтересните моменти кои ги пренесуваат се и тоа што една белграѓанка купила 30 пилиња, а во Нови Сад маж купил пола тон шеќер.

Се купувале и по 10 килограми банани. Во Лесковац, пак, граѓаните заборавиле и дека се болни, па Ургентниот центар денеска имал 10 пати помалку пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.