Како што се наведува во соопштението, од Драмски театар, откажана е претставата „Луди за љубов“, закажана за утре, на сцената на овој театар.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 март, 2020 10:43

Откажани сите претстави во Драмскиот театар поради коронавирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Драмскиот театар Скопје, денеска преку соопштение до медиумите извести дека согласно препораката на Владата за превенција од ширење на коронавирусот, го прекинува својот репертоар до 6 март годинава.

Како што се наведува во соопштението, од Драмски театар, откажана е претставата „Луди за љубов“, закажана за утре, на сцената на овој театар.

Од таму информираат дека сите добитници на гратис билети, добитниците може да ги заменат за друга претстава на билетарницата на Драмскиот театар – Скопје.

Одложени беа и претставите во Кумановскиот театар согласно препораките на Владата за неодржување јавни настани.

-Одложен е театарскиот маратон што беше предвиден да се одржи наредната недела од 5 до 7 март, на кој беа предвидени да се одржат по две претстави тие денови за симболична цена како и премиерата на детската претстава „Трнорушка“ која беше закажана за 4 март, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

За потсетување, во петокот Владата издаде препораката за откажување на поголемите јавни собири, спортски настани и забавни и културно-уметнички манифестации до 6 март. Од Влада посочија дека апелот важи за сите, особено за оние каде се очекува присуство на голем број граѓани и каде има или се очекуваат можни присутни гости од странство.

Струмичкиот традиционален карневал, и Карневалот „Прочка“ во Прилеп, по препораката на Владата беа откажани.

Спортските настани по примерот на сите светски натпревари, во текот на викендов се одржуваа без присуство на публика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.