Во изјава за КОХА, семејството на Арлинда рекло дека откако Мехметај ја нападнал и ја претепал Арлинда, која исто така е хоспитализирана, таа избегала во нивниот дом..

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јануари, 2020 15:47

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА : Мехматај ја малтретирал сопругата па таа сакала да го задуши?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Коха.мк

Семејството на Арлинда, сопругата на поранешниот директор на скопската ТВ ЕРА, Абдула Мехматај тврди дека за да се спаси ноќта кога го нападнала нејзиниот сопруг избегала кај нив. 

Во изјава за КОХА, семејството на Арлинда рекло дека откако Мехметај ја нападнал и ја претепал Арлинда, која исто така е хоспитализирана, таа избегала во нивниот дом..

„Поради 20-годишни брачни проблеми, психичко и физичко малтретирање од страна на нејзиниот сопруг, дури и минатата ноќ кога Арлинда избега беше брутално претепана од нејзиниот сопруг. Арлинда се уште е во болница. Нејзините две ќерки се наоѓаат кај роднините на нивната мајка со тешки психички и физички повреди. Сите овие информации се достапни и за полицијата која е известена за случајот.

Обидот за негово задушување бил не успешен бидејќи Абдула успеал да стане и се одврзал. Абдула Мехматај обидувајќи се да спаси жива глава почнал да трча по скалите во призјемето на зградата но бил удрен по глава со чекан од што добил и повреди. Фото Коха.мк

Страшниот настан се случил минатата недела, на 3 јануари околу 2:40 часот по полноќ, кога Абдула бил нападнат од неговата сопруга која го врзала за спалната за рацете и за нозете и се обидела да го удави со перница, објави Коха.

Обидот за негово задушување бил не успешен бидејќи Абдула успеал да стане и се одврзал. Абдула Мехматај обидувајќи се да спаси жива глава почнал да трча по скалите во призјемето на зградата но бил удрен по глава со чекан од што добил и повреди.

Мехматај за КОХА го подврдил настанот и рекол дека се уште се лекува.

Според неговата изјава, по мозочниот удар што го преживеал, со сопругата имале договор да се грижи за него до крајот на животот.

Тој за весникот ХОХА изјавил дека ноќта кога бил нападнат тој спиел на стомакот, а неговата сопруга наводно го врзала за креветот и го измачувала со тепање. Според него, сето тоа се случило поради наследството.

Мехматај во изјавата за евсникот открил дека по мозочниот удар што го преживеал, имале договор со сопругата таа да се грижи за него до крајот на животот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.