Пред јавноста Анабела откри дека имало моменти кога посакувала да биде мртва. Вели со пудра за правење маски ги покривала модринките на лицето по доживеаното семејно насилство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 ноември, 2019 11:32

Ги криев модринките со пудра, помислував на самоубиство -Анабела проговори за пеколот кој го доживеала

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка Анабела Атијас учествуваше во емисијата „Блиц полиграф“ каде одговараше на неколку прашања за кои може да се каже дека беа и по малку непријатни.

После седум години брак, поп пејачката Анабела Атијас и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Андреј Атијас ставија точка на нивниот брак токму поради семејсно насилство. И покрај напорите да се спаси нивниот брак и многубројните проблеми, не успеале.

Пред јавноста Анабела откри дека имало моменти кога посакувала да биде мртва. Вели со пудра за правење маски ги покривала модринките на лицето по доживеаното семејно насилство.

-Никогаш не сум се обидела да си го одземам животот, но тогаш посакав. Тоа е нешто што можам да го наречам можеби и моја смрт и живот пред животот, тоа е тој живот со него, открива Анабела на прашањето поврзано со нејзиното прво момче Никола кое починало додека биле заедно.

Иако првично во емисијата Анабела излажа дека модринки покривала со пудра, неколку минути подоцна реши отворено да проговори за ситуацијата.

-Ок, да ги криев модринките, но Луна веќе беше голема и сама ги виде и покрај дебелиот слој пудра наменета за маски во театар, искрено вели Анабела.

Инаку Анабела многумина ја препознаваат по попиларнаа група  „Фанки Џи“, за која вели дека и е жал што истата не опстоила.

Инаку Анабела минатата година повторно беше жртва на семејно насилство, и како што објави српскиот портал „Блиц“го пријавила сопругот Андреј за семејно насилство.

Како што пренесе медиумот Анабела во полицијата изјавила дека Андреј ја удрил во главата а од друга страна Андреј изјавил дека таа го нападнала и изгребала.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.