Градоначалниот на Охрид Јован Стојаноски почна да гради и по паркинзи и по паркови

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 7:17

Охрид се “гуши” од новоградби – граѓаните на протести а општината молчи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На булевар „Туристичка“ во близина на комплексот Билјанини извори наместо дрвја, по се изгледа ќе никнуваат нови згради. Параваните и мрежите се поставени, но Охриѓани не дозволуваат во дворовите од нивните згради да влезе механизација.

Затоа  околу педесетина револтирани станари излегоа на протест да кажат гласно дека се  против решението за градба на висококатници на околу 3000 метри квадратни во зелениот појас пред нивните прозори и тераси.

Над 300 жители од овој станбен комплекс кои повеќе од 25 години се станари во околните згради велат дека немаат имотни листови на нивно име иако трансофрмацијата завршила во 2003 година. 

„Ние имаме поднесено жалба на одобрението за градба ,а со друга постапка барање за ништовност на решението за трансформација од 10.10. 2003 година со која трансформација ова земјиште е украдено од Република Македонија, а не од нас. Ова зеленило не е наше, но земјата и пристапните патеки до домовите сега сопствениците може да ја оградат парцелата и да ни го затворат пристапот до домовите“ – вели Белинда Андоноска станар.

Станарите велат со години водат постапки пред судот за прогласување ништавност на решението за трансформација на земјишетето од 2003 година и поништување на одбрението за градба со кое сегашните наследници планираат да градат висококатници.

„Управата за урбанизам ставија маркица и ја нарушија градежната линија. Каде го има тоа да се затвараат прозори“ – прашува Хрисо Капсаров сопственик на стан.

Бараат од општината да го поништи решението за трансформација на земјиштето и да си го врати во нејзина сопственост, бидејќи како што тврдат поранешните сопственици за тоа земјиште пред 3 децении биле обештетени од државата.

„Ова место е предвидено за паркинг. Ние како одборници тогаш на сопствениците им дозволивме државни места за да направат куќи. Тие тоа право го искористија и сега го бараат ова место“ – вели Ламбе Јованоски сопственик на стан.

Станарите информираат дека одобрението за градба е обжалено пред Управен суд. Жителите својот протест го искажаа и пред општинската зграда со барање општината, Министерството за транспорт и врски и обвинителството да го вратат она што и припаѓа на државата и да се спречи изгрдбата на висококатница. Општината својот став пак ќе го каже во среда после нова средба со протестантите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.