На денешната седница Советот донесе одлука и останатите обвинители од СЈО да се вратат во нивните матични обвинителство.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 септември, 2019 14:03

ОЈО Гевгелија крена раце од Катица Јанева: Обвинителката разрешена и од Гевгелија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставено вон сила делот од решението за разрешување на Катица Јанева со кое е определено дека и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија, односно да биде разрешена и од ОЈО Гевгелија, пишува Радио Слободна Европа.

„СЈО и редовното државно Јавно обвинителство се посебни институции. Со тоа што е определено дека е ставено вон сила решението со кое и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија, фактички и веќе не може да ја обавува функцијата како јавен обвинител“, изјави денеска претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски.

Тој појасни дека одлуката за престанок на функцијата на Јанева е донесена поради одлуката за нејзино разрешување од СЈО поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

На денешната седница Советот донесе одлука и останатите обвинители од СЈО да се вратат во нивните матични обвинителство.

Обвинителот Бурим Рустеми се враќа во Основното јавно обвинителство во Куманово, обвинителката Елизабета Јосифовска во ОЈО Гостивар, обвинителот Љубомир Лапе во ОЈО Куманово, обвинителот Стевчо Донев во ОЈО Кочани, обвинителката Фатиме Фетаи во ОЈО Скопје, обвинителот Гаврил Бубевски во ОЈО Скопје, обвинителката Ленче Ристевска во ОЈО Скопје, обвинителот Трајче Пеливанов во ОЈО Скопје, обвинителот Ајтан Ајро во ОЈО Скопје, а обвинителката Лиле Стефанова во ОЈО Радовиш.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.