Прогнозите кои не сакаа да ги признаат ни самите Социјалдемократи кои владеат со Шведска со декади, се остварија, со земјата по подолго време ќе завладее десничарска Влада

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 10:43

Падна Владата на Шведска

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Шведскиот Парламент штотуку му изгласа недоверба на премиерот Стефан Ловен.

“За” доверба на Ловен се изјаснија 142 пратеници од левицата, додека 204 претставници на десноцентристичките партии и екстремистичката антимигрантска партија Шведски демократи гласаа “Против”.

Гласањето доверба на актуелниот премиер во Парламентот е задолжително по одржувањето парламентарни избори во Шведска. Согласно законот, гласањето се спроведува најдоцна во рок од две недели по конститутивната седница на новиот состав на Парламентот, која се одржа вчера.

На изборите во Шведска на 9 септември левоцентристичкиот владејачки блок на Ловен освои 144 места, а десноцентристичката опозициска Алијанса143 во 349 члениот Парламент.

Со ваквиот распоред на силите партијата Шведски демократи, која има 62 пратеници, ќе има клучна улога во формирањето на новата влада по изгласаната недоверба на Ловен.

Шведска се “врти” кон десно?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.