Трамп исто така таму повторно ќе биде тестиран.

Објавил: Владо Марин | 2 октомври, 2020 23:53

ПАНИКА ВО АМЕРИКА: Доналд Трамп итно пренесен во болница со хеликопер

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на САД, Доналд Трамп итно е префрлен во Националниот воено-медицински центар Валтер Рид, каде што ќе остане неколку дена по совет на лекар, објави Белата куќа.

Трамп исто така таму повторно ќе биде тестиран.

Претседателот Трамп со часови има треска, кашла и има покачена температура, изјавил извор за Си-Ен-Ен. Меланија сопругата на Трамп има поблаги симптоми и се наоѓа во стабилна состојба!

„Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани на Ковид-19 и сме позитивни. Веднаш ќе почнеме процес на карантин и закрепнување. Заедно ќе го поминеме ова“, објави Трамп вчера на „Твитер“.

Претходно, Трамп потврди дека неговата советничка Хоуп Хикс е позитивна на коронавирус.

31-годишната советничка досега е најблизок соработник на Трамп, кој е позитивен на Ковид-19.

Хикс оваа недела патуваше заедно со Трамп со претседателскиот авион на дебата во Охајо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.