Директорот на затворот „Скопје" Филип Андонов за МИА потврди дека од денеска поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски е во затворот, каде почна да ја издржува затворската казна од две и пол години за злоупотреба на службената положба.

Андонов појасни дека Панчевски откако добил упатен акт за издржување на казната, со жалба се обидел да го одложи извршувањето. Жалбата му била одбиена од судиите, по што тој денеска околу 14 часот сам се пријавил на издржување на казната.

Панчевски е сместен во просторија за изолација согласно ковид – протоколите.

Панчевски е осуден во случајот Акмис, односно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 февруари, 2022 6:30

Панчевски сам се пријавил во затворот “Шутка”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, вчера сам се пријавил во истражниот затвор “Скопје”.

Директорот на затворот „Скопје” Филип Андонов за МИА потврди дека од вчера поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски е во затворот, каде почна да ја издржува затворската казна од две и пол години за злоупотреба на службената положба.

Андонов појасни дека Панчевски откако добил упатен акт за издржување на казната, со жалба се обидел да го одложи извршувањето. Жалбата му била одбиена од судиите, по што тој вчера околу 14 часот сам се пријавил на издржување на казната.

Панчевски е сместен во просторија за изолација согласно ковид – протоколите.

Панчевски е осуден во случајот Акмис, односно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.