Пратеникот на ГРОМ, Минов, во петокот проба да се "испазари" со Заев за амнестија за Стевчо Јакимовски, но откако не доби позитивен одговор, не ги гласаше уставните измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 октомври, 2018 22:05

Панчо Минов си заминува заедно со Јанчев

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24, пратеникот од ГРОМ и дел од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Панчо Минов истакна дека ќе делува самостојно во Собранието на Македонија.

Минов потенцираше дека поради разрешувањето на Митко Јанчев од потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ тој ќе ја напушти коалицијата „За подобра Македонија“ и ќе дејствува самостојно како пратеник од ГРОМ.

Тој напомена дека излегувањето од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе трае се додека Христијан Мицкоски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

И пратеникот Панчо Минов како и градоначалникот Митко Јанчев доаѓаат од Кавадарци. Панчо Минов беше едно од имињата кои поддржаа уставни измени со барање Заев да го амнетира неговиот претседател, Стевчо Јакимовски.

Откако Заев го одби барањето, Минов се премисли.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.