Папата Франциско вети крај на сексуалните злоупотреби и заташкувања од католичките свештеници

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 август, 2018 10:37

Папата вети крај на педофилијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Папата Франциско побара прошка за сексуалните злоупотреби од католичките свештеници признавајќи дека болката на жртвите “долго време била игнорирана премолчувана или замолчувана”.

Во писмото без преседан до сите католици ширум светот напишано на седум јазици тој ветува дека такво нешто веќе никогаш нема да се повтори.

Неговото писмо до 1.3 милијарди католички верници во светот е одговор на откритијата во САД за децениски сексуални злоупотреби и заташкувања од католичките свештеници. На 17-ти август во Пенсилванија беше соопштено дека најмалку 1.000 деца биле жртви на сексуални злоупотреби од околу 300 свештеници во изминатите 70 години. Во извештајот од истрагата се наведува дека генерации католички бискупи не преземале мерки да ги заштитат жртвите или да ги казнат сторителите.

Писмото на Папата Франциск доаѓа во пресрет на неговата посета на Ирска на 25-ти и 26-ти август која е една од земјите кои се потресени од скандалите со сексуална злоупотреба од свештенството.

Во писмото упатено до “Божјиот народ” Папата Францискo како и неговиот претходник Папата Бенедикт XVI ветува “нулта толеранција” за злоупотреба на деца но постојано излегуваат нови скандали.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести