По објавата на судот во Пенсилванија дека за 70 години 300 свештеници силувале над 1.000 деца со осуда за прв пат се огласи и Папата

Објавил: Мартин Попоски | 17 август, 2018 14:58

Папата Франциско на страната на жртвите на свештеничката педофилија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Папата Франциско застана на страната на жртвите на повеќе од 300 свештеници обвинети за злоупотреба на деца во само една американска федерална држава соопшти Ватикан.

Ватикан додаде во својата изјава дека сака да ги слушне жртвите со цел “искоренување на овој трагичен хорор” се наведува во извештајот на “Би-би-си”.

Католичката црква досега можеби најостро ја осуди педофилијата во нејзините редови откако американските обвинители открија дека свештениците сексуално злоупотребувале повеќе од 1.000 деца во Пенсилванија во период од 70 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести