Таткото на Боки 13, Миле Јовановски, по распитот рече дека не чувствува вина за случајот со Меѓународниот сојуз,

Објавил: Македонка Димкин | 20 декември, 2019 12:28

Папа не е крив? Таткото од Тредичи појма немал што прави

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски, по распитот рече дека не чувствува вина за случајот со Меѓународниот сојуз, каде е осомничен за перење пари и измама. Тој ги поздрави новинарите велејќи им: „Среќна Нова ’49”.

Таткото на Бојан Јовановски-Боки 13, Миле Јовановски, пред судијката Александра Ристевска во Кривичниот суд призна дека на Божик во 2017 го тепал со боксови и клоци неговиот прв сосед свештеникот Виктор Стојчев и оти му нанел тешки телесни повреди.
Тој додаде дека никој не вршел притисок врз него за да го признае делото и дека ќе ја плати штетата, но во неговите завршни зборови се пожали дека провокациите на соседот свештеник продолжуваат и денеска, оти тој не престанува да пишува на „Фејсбук“ за семејството Јовановски.
Според обвинителниот акт, настанот се случил во дворот на оштетениот. Причина за инцидентот било погрешно паркирано возило од страна на Бојан Јовановски. Кога попот Стојчев почнал да свири за да му даде до знаење на возачот да го препаркира возилото, од својот дом излегол Бојан Јовановски и го препаркирал возилото.
Но, токму тогаш од соседната излегол татко му и ја отворил вратата и почнал да го удира попот на кого му бил скршен клучниот зглоб од левата нога.

Неговиот распит кај обвинителката Вилма Русковска траеше еден час. Јовановски вели дека не знае дали е завршена истрагата. Таткото на Бојан Јовановски не одговори на повеќе прашања, велејќи дека ќе даде изјава на прес-конференција која најверојатно ќе ја закаже за наредната недела.

По Миле Јовановски, треба да биде сослушан и неговиот син Бојан Јовановски, кој со полиција треба да биде спроведен од затворот Скопје во Шутка.

На распит треба да се појави и асистенката Христина Блажевска.

Тие се обвинети за перење пари, за што го користеле Меѓународниот сојуз.

Во случајот осомничени се и пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски, потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ и асистентката во сојузот, Христина Блажевска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.