Констатацијата на Дачиќ дека Тачи, Харадинај и Пацоли глумат претседател, премиер и министер за надворешни работи на држава која не постои во ОН се покажа за вистинита

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 8:05

Пацоли во ОН се среќавал со кој ќе стигне

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По Мароко и Тунис негира официјална средба со министерот за надворешни работи на непостоечката држава Косово.

Вистинско фијаско на маргините на Генералното Собрание на Обединетите нации направи косовската делегација.

Министерот за надворешни работи на привремените косовски институции, Беџет Пацоли, по состанок во ОН, изјави дека имал одличен разговор со тунискиот министер за надворешни работи, Кемаис Зинаи, како и со марокански претставник. но по неговата изјава демант стигна и од Тунис и од Мароко.

Средбата со извесен господин Пацоли во Обединетите Нации беше сосема случајна и не стана збор за ниту едно од клучните прашања, ниту на идниот однос на двете страни затоа што тој не претставува постоечка држава. – напиша Зинаи на неговата страна на социјалната мрежа Твитер.

Претходно за ваквото однесување на т.н. делегација на Косово се изјасни и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ кој кажа дека Тачи, Харадинај и Пацоли глумат претседател, премиер и министер за надворешни работи на држава која не постои за Обединетите Нации и дека се сликаат по ходниците со странски претставници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.