Стево на неколку наврати изјави дека "граѓаните душата ќе му ја извадат"на оној кој ќе го потпише договорот за промена на името

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 март, 2019 10:36

Пендаровски: Душата ќе му ја извадат граѓаните на тој што ќе го смени името!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски како опозиционер, даваше многу ветувања, и често пати дебатираше во врска со промена на името.

Стево на неколку наврати изјави дека граѓаните “душата ќе му ја извадат” на оној кој ќе го потпише тој договор за евентуална промена на името но денес тој е кандидат за претседател токму од партијата која го направи тоа за кое Стево беше убеден дека нема да се случи.

Стево Пендаровски цврсто стоеше на ставот дека името нема да се промени

Имавме 600 муабети за името. Ќе го смениш името, и никој нeма да знае и утре ќе се викаме нe знам како. Нe може. Мораш да дојдеш во институциите. Во тој момент, јас ви тврдам, сите што беа десетици и десетици илјади луѓе, во мај, на 17 мај, и сите слободарски граѓани, колку и да звучи како фраза, душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го потпишал тоа. Нема да го остават во таа фотелја во која е. Јас не се сомневам, мислам дека шанси нема за такво нешто, а и ако има, во интерес на нашата заедничка иднина, ние мора да му земеме мерка на тој човек и на тие луѓе, велеше Стево Пендаровски додека СДСМ се бopeше за власт.

Истиот тој Пендаровски кој денес е кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ сега го прифаќа името Северна Македонија и во јавноста се обидува тоа да го презентира како разумно решение.

Целото видео во кое Пендаровски зборуваше за промена на името може да го погледнете ОВДЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.