На социјалната мрежа Фејсбук денеска беше објавена фотографија каде може да се види дека Јанева не може да ужива ниту во сопствениот дом.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 ноември, 2019 10:12

ПОВЕЌЕ НЕМА МИР: Катица клекната на тераса, не може ни цигара да пуши раат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поминаа два дена откако Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева беше пуштена во домашен притвор од Апелациониот суд под образложение дека била самохрана мајка.

На социјалната мрежа Фејсбук денеска беше објавена фотографија каде може да се види дека Јанева не може да ужива ниту во сопствениот дом.

Фото: Фејсбук

Имено ова е прва фотографија на Катица Јанева откако таа е во домашен притвор, објавена од  Слободен Печат.

Јанева која е обвинета за случлајот Рекет во моментот живее во стан во зграда наспроти студентскиот дом во Скопје „Кузман Јосифовски-Питу“, а фотографијата ја направил некој од нејзините соседи, објави Слободен Печат.

Инаку вчера Апелациониот суд Скопје го објави решението за пуштање во домашен притвор на екс специјална обвинителка Катица Јанева.

Судскиот совет смета дека нејзината жалба треба на мерката притвор треба да ја уважи, затоа што Катица Јанева е самохрана мајка на која и е потребна редовна медицинска терапија.

Мерката притвор е заменета со куќен притвор, и се забранува комуникација со лица опфатени во кривичното дело, а и се забранува и употреба на телефони и останати средства за комуникација.

„ Околностите дека обвинетата е жена и самохрана мајка, сама се грижи за своите деца, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачувување на нејзиното здравје да прима редовна медицинска терапија и да има хигиена во домашни услови, а по потреба да посетува и специјалист, укажуваат дека се исполнети условите за замена на мерката притвор со куќен притвор и за истите советот на овој суд оцени дека се основани и во конкретниот случај исполнети се законските услови за укинување на притворот и определување куќен притвор и мерки на претпазливост спрема обвинетата“ се вели во решението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.