Бројката на приведени странски државјанки кои нелегано работат во ноќни барови надмина 100 лица

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 август, 2018 7:24

Повторно рации во Полошко – приведени 24 лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Полицијата синоќа од два угостителски објекти во Гостиварско и Тетовско привела 24 странски државјанки и два сопственици на локали.

Според СВР Тетово – синоќа и изутрината полициски службеници извршиле акциска контрола во угостителски објект – лоциран на регионалниот пат Тетово – Фалише а сопственост на А.З. [ 50 ] од Тетово.

Во објектот биле затекнати 16 странски државјанки кои работеле како танчерки и пејачки. Од нив 14 биле од Република Албанија – една од Република Србија и една од Република Косово а кои биле на возраст од 18 години до 33 години.

Странските државјанки како и сопственикот А.З. биле приведени во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка.

Во истиот период од 23:00 до 03:00 часот контрола била извршена и во  угостителски објект во селото Чегране [ Гостиварско ] сопственост на А.Д. [ 51 ]. Во објектот биле затекнати шест женски лица. Пет од нив биле македонски и една албанска државјанка. И за нив е утврдено дека работеле како пејачки и танчерки. По акцијата заедно со сопственикот биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести