Иницјативата за понништување на одлуката за Референдумот е поднесена од страна на СМК

Објавил: admin@magazin | 31 јули, 2018 11:22

Поднесена иницијатива до Уставниот суд за поништување на одлуката за референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) денес поднесе иницијатива до Уставниот суд на Македонија за поништување на Одлуката за распишување на референдум, што ја донесе Собранието на Македонија на седницата одржана на 30 јули 2018 година.

Во согласност со членот 50 став 1 од Уставот, СМК побара Уставниот суд да реши по иницијативата врз начелата на приоритет и итност, поради заштита на слободите и правата утврдени со Уставот.

Петров е роден на 19 март 1960 година во Гевгелија. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. Бил директор на Занаетчиска задруга во Гевгелија и директор на неделникот „Македонско сонце”. Од 1990-1994 година бил независен пратеник во првиот повеќепартиски парламент на Македонија, по распаѓањето на поранешна СФРЈ.[2] Од 1990 година е претседател на Светскиот македонски конгрес. Неодамна во една дебатна емисија на една национална телевизија рече дека ќе се кандидира за претседател на државата на следните претседателски избори во март 2019 година

СМК во иницијативата наведува дека Oдлуката за распишување на референдум од 30 јули 2018 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 140/2018), не е во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3, членот 51, членот 52, членот 75, членот 118, членот 119 и членот 120 од Уставот на Република Македонија и со членот 15 ставовите (3) и (4) од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните (“Службен весник на Република Македонија“ број 81/2005), како и со меѓународното право: Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, Универзалната Декларација за човекови права, Повелбата на фундаменталните права на Европската Унија и Виенската конвенција за договорното право потпишана на 23 март 1969 година во Виена.

СМК во иницијативата до Уставниот суд побара времена мерка до одлучување, поради штетните последици од спроведувањето на референдумот по Буџетот и јавните фондови односно даночните обврзници, слободите и правата на државјаните и внатрешниот правен поредок на државата Македонија!

Собранието со референдумот ги наведува избирачите да гласат по меѓународен договор кој не е склучен во согласност со Уставот на Република Македонија и не е дел од внатрешниот правен поредок на државата, а истовремено ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција. Според член 308 од Кривичниот законик, “Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“. Референдумското прашање создава правни последици што се основа за кривично дело и поради тоа ги доведува избирачите во заблуда да гласаат за “озаконување“ на меѓународен договор чие извршување пред да стапи во сила Законот за негова ратификација претставува кривично дело!

Одлуката на Уставниот суд на Македонија е тест за правната држава и правдата!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.