Според информациите на Телма, убијците го чекале Селахи, сокриени зад дрва во темница, пред ладнокрвно да отворат оган над автомобилот со затемнети прозорци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 април, 2019 10:56

Позната причината за убиството на таткото и синот во Слупчане

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Елам Селахи, кумановецот кој завчера беше пронајден убиен со неговиот осумгодишен син во своето возило „опел астра“ во атарот на селото Слупчане бил познат лихвар, дознава телевизија  Телма.

Автомобилот во кој загинаа татко и син од Слупчане

Според информациите на Телма, убијците го чекале Селахи, сокриени зад дрва во темница, пред ладнокрвно да отворат оган над автомобилот со затемнети прозорци. Вчера осамна фотографија од автомобилот на која јасно може да се види дека е изрешетан од куршуми.

Според информациите од селаните на Опае и Слупчане се слушнале гласни истрели, и тие веднаш повикале полицијата. Убијците, за кои се претпоставува дека биле двајца, користеле автоматско оружје.

Инаку покојниот Салахи е од селото Белановце, но живеел во Опае и бил познат по тоа што давал лихва со високи камати, по што постои и можност да биде убиен од страна на некој кој користел ваква услуга од него.

Извори од МВР за „Телма“ потврдиле дека два пати бил пријавуван за обид за убиство, бил фатен со нелегално оружје и нападнал полицајци.

Еднаш бил осуден на четиригодишна затворска казна која ја издржал.

За случајот се изјасни и Основното Јавно Обвинителство, од каде велат дека трагите од местотот ќе бидат превземени како докази. Според последните информации, од ОЈО, во автомобилот било пукано во заседа. 

„Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на телата на починатите.“ – велат од ОЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.