„На пат кон легендарното Липково", напиша министерот за економија Крешник Бектеши на официјалниот Фејсбук профил објавувајќи фотографија на која може да се видат и лидерот на ДУИ, Али Ахмети и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари. Во Слупчане има и музеј на ОНА.

Објавил: Мате Парлоф | 2 мај, 2022 16:49

Во Слупчане церемонија за откривање на споменик на УЧК вреден 200.000 евра

Фото/Текст извор: ©mkd

Денес, на 2 мај, на празникот Рамазан Бајрам, во липковското село Слупчане ќе се отвори спомен кула во чест на борците на ОНА. За кулата висока 20 метри потрошени се 200 илјади евра општински пари.

„На пат кон легендарното Липково”, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на официјалниот Фејсбук профил објавувајќи фотографија на која може да се видат и лидерот на ДУИ, Али Ахмети и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари. Во Слупчане има и музеј на ОНА.

Министерството за транспорт и врски, наспроти тврдењата на локалните власти, негираше дека била побарана дозвола од нив, додека од Министерството за култура се оградија наведувајќи дека надлежноста според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, надлежни се Собранието или единиците за локална самоуправа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.