Треба да сме му бескрајно благодарни, да го чуваме неговото дело и да го пренесуваме на идните поколенија, кои гордо ќе го спомнуваат и ќе ги пеат неговите песни.

Објавил: Владо Марин | 16 октомври, 2020 19:13

Од денеска натаму имаме вечно почивалиште и спомен дом достојни за големината на Тоше Проески

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Од денеска натаму имаме вечно почивалиште и спомен дом достојни за големината на Тоше Проески.

Тоше никогаш ниту физички, ниту духовно не го напушти Крушево.

Таа негова присутност е силна и денеска и духот од песните и споменот на Тоше денеска се дел од препознатливата иконографија за Крушево, полно со историски знаменитости и современи атракции кои го направија градот важна и посакувана дестинација во меѓународни рамки, изјави премиерот Заев при посетата на спомен куќата-Тоше Проески во Крушево!

Наша обврска останува и понатаму достојно да му се оддолжиме за неговиот придонес со постојано сеќавање на неговите музички и хуманитарни остварувања.

Треба да сме му бескрајно благодарни, да го чуваме неговото дело и да го пренесуваме на идните поколенија, кои гордо ќе го спомнуваат и ќе ги пеат неговите песни.

Нека ни е вековит споменот за ангелот македонски, истакна премиерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.