МВР со детали за тешката несреќа

Објавил: admin@magazin | 23 јули, 2018 10:38

Познат идентитетот на тројцата загинати во вчерашната сообраќајка во кумановско

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за внатрешни работи излезе со детали во врска со вчерашната сообраќајна несреќа во кумановско Романовце во која животот го загубија три лица.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила околу 11:45 часот на обележан железнички премин со поставени сообраќајни знаци.

Товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија удрил во патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од Н.Б.(52) во кое како сопатници биле С.Б.(48), З.Б.(79) и И.Б.(43), сите од с.Арачиново-скопско. Во незгодата на местото на настанот починале возачот Н.Б., С.Б. и З.Б. додека И.Б. успеал да излезе од возилото и не се здобил со повреди, информираат од МВР.

Од страна на лекар од екипа на Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 17:25 часот односно до завршување на увидот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово.

По наредба на ЈО телата на настраданите се предадени на семејството за погреб. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Три лица од скопско Арачиново, загинаа вчера откако товрен воз удрил во автомобил „голф“ на преминот кај кумановско Романовце, потврди МВР.
Несреќата се случила во 11.45 часот пред железничкото стојалиште „Превој“ помеѓу железничките станици Куманово и Романовце на одбележан железнички патен премин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.