Тажната слика на македонското министерство за внатрешни работи

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 9:03

Полицаец од Куманово украл мобилен телефон од мигрант

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Полицаец од Куманово украл мобилен телефон од мигрант.

Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против З.С. вработен во Регионалниот центар за гранични работи “Север” поради постоење основи на сомнение за сторено крвично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето казниво по Член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Тој како одговорен полициски службеник постапил спротивно на процедурите за привремено одземени предмети – телефонски апарат од мигрант што бил приведен по што издал наредба да се изготви фиктивна потврда за вратени предмети.

Против него е поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.