Кривичната пријава против полицајците што делуваа против студентите обвинителството ја отфрли

Објавил: Перо Милчин | 6 ноември, 2018 19:41

Полицијата ,,што ги тепаше‘‘ студентите постапила според законот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Се потврди дека полицијата делувала исправно за време на изборите за претседател на Студентскиот парламент на УКИМ, на 30 јуни, 2016 година, со отфрлање на кривичната пријава од ОЈО, а поднесена од Хелсиншки комитет.

ОЈО донесе решение во кое се наведува : -дека се отфрла кривичната пријава за двете кривични дела „Спречување на јавен собир“ предвидено во член 155, став  2 од Кривичниот Законик и „Малтретирање во вршењето на службата“ предвидено во член 143 од Кривичниот Законик, „бидејќи пријавените дела не се кривични дела кои се гонат по службена должност“.

Со ова се потврдуваат гласините за исценирани политички злоупотреби на студентите од тогашната опозициона партија СДСМ и лица блиски до неа од невладиниот сектор, а некои од нив, денеска се на високи позиции во државата. Меѓу сведоците беа актуелната пратеничка Ивана Туфегџиќ, студентката Деа Здравковска, претседателката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска,  актерката Ивана Павлаковиќ, новинарката Лени Фрчковска.

Во образложението на решението се наведува дека: -пријавата за „Спречување или смеќавање на јавен собир“ која се однесува и на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, не ги содржи битните обележја на кривичното дело.

Тогашната опозицијата СДСМ во тоа време ги користеше сите можни начини да го критикува министерот за внатрешни работи Митко Чавков, дека применува сила и тортура врз студенти и граѓани, се покажа дека не само што не е така, туку денеска гледаме дека лицето на тортурата и притосоците врз граѓаните го вршат тие.

„Во конкретниот случај, во дејствијата на пријавените м-р Митко Чавков, поранешен министер за внатрешни работи на РМ, Момчило Сталетовиќ-поранешен помошник во СВР, Марјан Петковски-Командант на ЕБР, Митко Пешов-Началник на одделот на специјани полициски операции при МВР и Горан Ѓорѓиевски-Началник на ЦПС при МВР, согласно исвестувањето рег.бр.14.2.1-725/8 од 27.08.2018 година доставено до Основното јавно обвинителство од страна на Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, при извршените проверки по предметниот настан на Одделот, не се утврдило постоење на пропусти и повреди при нивното постапување, ниту повреди и пропусти кај било кој друг ангажиран полициски службеник“, стои во образложението од ОЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.