Бебето било оставено голо без обелка на тревникот, за среќа случаен минувач слушнал плач и веднаш го пријавил случајот во полиција.

Објавил: Весна Петровска | 16 мај, 2019 21:15

Полицијата ја пронајде мајката која го остави своето новороденче во парк

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Веста дека мајка од Скопје го остави своето новороденче во парк во населбата Топанско поле ја згрози цела македонска јавност.

Бебето било оставено голо без обелка на тревникот, за среќа случаен минувач слушнал плач и веднаш го пријавил случајот во полиција.

Бебето со Итна помош било веднаш однесено во клинкиата за детски болести и веднаш му била пружена лекарска помош.

Како што пишува Слободен печат, полицијата ја пронашла мајката, таа е малолетна и дала изјава дека не е во можност да се грижи за бебето кое нема друг родител, пишува Слободен Печат.

– Малолетната мајка даде изјава дека не е во можност да се грижи за своето дете поради што, откако ќе се стабилизира неговата здравствена состојба, тоа ќе биде префрлено во згрижувачко семејство. Мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување – вели Наташа Станојевиќ, директорка на Цетарот за социјални работи во Скопје, пренесе порталот.

Бебето пред два дена беше пронајдено во парк во Топанско Поле од случаен минувач. Потоа беше пренесено на Клиниката за детски болести каде му е дадена неопходната медицинска грижа и тоа е во добра општа состојба

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести