Во Канада во моментов активни се 600 пожари од кои само изминатиот викенд избувнале 150 нови

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 9:57

Поради пожарите во Канада евакуирани над 7.000 семејства

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Властите на канадската провинција Британска Колумбија наредија евакуција на речиси над 7.000 семејства поради ширењето на шумските пожари што со денови беснеат во тој дел на западна Канада.  

Како што јави телевизијата “Си-Би-Си” во Британска Колумбија денеска се активни речиси 600 шумски пожари од кои околу 150 избувнаа во текот на изминатиот викенд.

Најголем дел од пожарите кои досега уништија над 3.000 хектари површина и околу 30 станбени објекти избувнале како последица на удари на громови за време на летните бури.

Во гасенњето на пожарите се вклучени над 2.800 пожарникари од неколку канадски провинции како и нивни колеги од Австралија – Мексико и Нов Зеланд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.