Во населба Кутлабица, изминатата недела од страна на приватна градежна фирма од Тетово, активно се изведуваа градежни зафати на инфраструктурната мрежа, кои се потполно незаконски и без никакво одобрение од надлежноте органи.

Објавил: admin@magazin | 30 октомври, 2022 10:29

ПОРАДИ УРБАНИСТИЧКАТА МАФИЈА ЦЕЛА НАСЕЛБА ОСТАНА БЕЗ ВОДА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ПОРАДИ УРБАНИСТИЧКАТА МАФИЈА ЦЕЛА НАСЕЛБА ОСТАНА БЕЗ ВОДА

Во населба Кутлабица, изминатата недела од страна на приватна градежна фирма од Тетово, активно се изведуваа градежни зафати на инфраструктурната мрежа, кои се потполно незаконски и без никакво одобрение од надлежноте органи.

Имено, се пробува да се релоцира моменталната канализациска мрежа, која и без тоа е веќе преоптоварена и постојано се излева при секој дожд.

Целта (според пристигнат глас од загрижени граѓани) е ослободување на дел од државното земјиште за понатамошна нелегална градба.

Иако беа известени сите надлежни институции и државни органи за овие незаконски дејствија, лицата кои ги извршуваа градежните работи не застанаа со работа и си ја завршија својата намислена работа.

Поради ваквите непрофесионални и незаконски дејствија, оштетен е еден високонапонски кабел на ЕВН Македонија, оштетени се дел од приватните приклучоци на постојната канализациска мрежа и се оштетени повеќе цевки од градскиот водовод.

Поради непрофесионалното повторно врзување, населбата остана без вода скоро цели 10 часа.

Корупцијата и нефункционалноста на институциите предводени од амнестирата ДУИ секојдневно го загрозува животот на обичните граѓани.

Партија Левица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.