Тие не потврдија кој друг бил цел или кој бил изворот на нападот, јави Би-Би-Си.

Објавил: Едмонд Бекири | 29 март, 2022 5:34

Портпаролот на Абрамович потврди дека имал симптоми кои укажувале на труење

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Портпаролот на Роман Абрамович потврди дека постојат сомневања дека рускиот олигарх бил отруен претходно овој месец по состанокот на кој се разговарало за мировни преговори со украинските преговарачи.

Тие не потврдија кој друг бил цел или кој бил изворот на нападот, јави Би-Би-Си.

Претходно, во извештајот на Волстрит Џурнал се тврдеше дека три лица кои присуствувале на разговорите во Киев имале црвенило на очите, постојани и болни солзи и излупена кожа на нивните лица и раце.

Се вели дека Абрамович е веќе добро, бидејќи инцидентот се случил пред неколку недели, и ќе продолжи со преговорите со украинските власти во обид да се стави крај на војната.

Блиски на Абрамович тврдат дека тој учествувал на неколку состаноци и работи само во свое име, откако беше соопштено дека од него била побарана помош.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.