„Ефектот на маската опстојува и откако ткаенината ќе биде подложена на 50 миења“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јули, 2020 9:55

Португалците ја креираа првата маска што го неутрализира коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Институтот за молекуларна медицина во Лисабон објави дека ја разви првата заштитна маска способна да го неутрализира коронавирусот, пренесува АПА повикувајќи се на corona24news.

До сега многу епидемиолози и инфектолози се согласија со задолжителното носење на заштитна маска, но велат дека маската може да се носи до три часа. По ова време, станува влажна, затоа после е неефикасна во заштитата…

Ова е многу ефикасна маска за еднократно користење. Институтот прецизираше дека заштитната опрема е развиена со помош на специјална ткаенина, која се состои од неколку различни водоотпорни слоеви. Спроведените тестови ја потврдија ефективноста на производот во заштитата од инфекција со коронавирус.

„Маската има иновативна обвивка што го неутрализира SARS-CoV-2 вирусот кога ќе дојде во контакт со ткаенината“, велат од институтот.

„Ефектот на маската опстојува и откако ткаенината ќе биде подложена на 50 миења“.

Во Португалија, од почетокот на ширењето на коронавирусот, откриени се скоро 50 илјади случаи на инфекција, а починале 1.712 пациенти. Во исто време, околу 35 илјади луѓе веќе закрепнале.

Инаку во Македонија, на 23 април стапи  на сила уредбата за задолжително носење на заштитни маски за да го спречат ширењето на коронавирусот.

Според Уредбата, заштитна опрема на лицето мора да се носи на сите затворени јавни места каде има повеќе луѓе, како што се пазари, продавници, банки, пошти, државни и здравствени установи, јавен превоз. На отворен простор, маските мора да се носат на пазари и места каде не постои можност за одржување на физичко растојание од два метра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.