Пред неколку дена, американското разузнавање заклучи дека вирусот корона не е создаден од луѓе ниту генетски модифициран.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 мај, 2020 19:50

Постојат цврсти докази дека вирусот е направен во Кинеска лабараторија: Помпео вели дека постојат докази!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека има докази дека вирусот корона потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан.

„ Постојат многу докази дека се започнало таму“, рече Помпео за „Оваа недела“ на Би-Би-Си.

И покрај неговата критика за одговорот на Кина на епидемијата, Помпео не кажа директно дали смета дека короналниот вирус е намерно пуштен, пренесе АФП.

Пред неколку дена, американското разузнавање заклучи дека вирусот корона не е создаден од луѓе ниту генетски модифициран.

Службите, во соопштението за печатот, пак, велат дека сè уште ги испрашуваат обвинувањата на претседателот Доналд Трамп дека пандемијата можеби потекнува од кинеска лабораторија.

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 3.531.120 лица. Од нив починале 246.825, а оздравеле 1.131.423 луѓе.

– Во американската сојузна држава Њујорк потврдени се нови 280 смртни случаи од Ковид-19, изјави гувернерот Ендрју Комо. Сите болници ќе мораат да имаат резерви на заштитна опрема за 90 дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.