Даштевески: Училиштата ќе работат во вторник

Објавил: Калина Мартинска | 17 април, 2024 14:30

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претставници на политичките партии и коалиции, денеска, во Кристалната сала на законодавниот дом го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори за единаесетите парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај.

Претседателот на Државната изборната комисија, Александар Даштевски, истакна дека овој чин претставува израз на волја да се зачува интегритетот на демократскиот процес.

-Кодексот е потврда за демократскиот развој за нашето општество дека сите заедно се обврзуваме на принципите на демократијата. Преку потпишувањето на овој Кодекс, потписниците испраќаат порака за фер и почитување на сите правила, закони и прописи, како и почитување на владеењето на правото и правната држава при организирање на изборите, истакна претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Со потпишувањето, вели Даштевски, политичките партии се обврзуваат дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.

Даштевески: Училиштата ќе работат во вторник

Училиштата во кои ќе се одржи гласањето за претседателските избори ќе работат во вторник, ден пред изборите. Ќе бидат заклучени само оние простории каде ќе сместен избирачкиот материјал.

– Тоа е веќе договорено и мислам дека е ставено на веб страницата. Тие училишта ќе работат меѓутоа просториите во кои ќе биде избирачкиот материјал, ќе бидат заклучени и ќе ги обезбедува Министерството за внатрешни работи, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски парламентарни избори.

Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи следната среда на 24 април.

Заради непречено спроведување на претседателските и парламентарните избори, закажани за 24 април и 8 мај, Владата вчера донесе одлука овие два дена да бидат неработни и да не се одработуваат.

Димитриевски: Големите партии ќе добијат 9 милиони евра за политички маркетинг, а малите само по 8000 евра

Големите политички субјекти од народни и државни пари ќе добијат 9 милиони евра за политички маркетинг, а малите партии по 8000 евра, па оттаму граѓаните нека заклучат, изјави претседателскиот кандидат Максим Димитриевски по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски парламентарни избори. Тој порача дека потпишал само форма, а не суштина на Кодексот.

Лидерот на ЗНАМ бара ДИК да преиспита тоа што голем број кандидати за во Парламентот се директно вклучени говорници во поддршка на претседателските кандидати.

„Само граѓаните можат да го подигнат на демократијата“, истакна кандидатот за претседател.

Димитриевски бара менување на законот, со цел да биде поеднаков за сите, за да, како што рече, имаме правилни и демократски избори во Македонија.

Арсовска бара рамноправно делење на парите за партиите

Претседателката на Нова алтернатива, Данела Арсовска денеска го потпиша Кодексот за фер и демократски парламентарни избори. Очекува сите партии да се придржуваат до принципите на фер и демократски избори и истото да биде темел на презентација на се што ќе биде во јавноста врз основа на факти и идеи, а не базирано на лични напади.

-Како носител на листа која доминантно е составена од жена и каде за првпат имаме листа во ИЕ1 каде по застапениот пол е жената, се надевам дека ќе имаме фер и коректна кампања и нема да се сведеме на напади на сите кои што се надеваме како млади политичари и политичарки. Ги охрабрувам сите да дадат јасна поддршка за тоа овие избори, а бидат демократски. Сакам да истакнам јасна поддршка на она што беше истакнато од оние претставници кои не го потпишаа Кодексот, од аспект на начинот на кој се распределуваат средствата. Четири партии и коалиции ќе делат 9 милиони евра, а сите останати по 8000 евра. Со тоа се доведуваат сите политички субјекти кои не се во овие четири партии во подредена состојба, да не можат адекватно да ги промовираат своите идеи и програми, кажа Арсовска во изјава за медиумите.

Таа побара рамноправно делење на средствата меѓу сите партии во иднина, со цел граѓаните да донесат одлука која што ќе биде информирана од јавноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.