Почина американскиот воен ветеран херој - конгресмен - сенатор и претседателски кандидат

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 8:59

Почина Џон Мекејн

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Џон Мекејн шесткратен американски сенатор поранешен воен затвореник и двократен претседателски кандидат ја загуби битката со агресивна форма на рак на мозокот. Имаше 81 година.

Џон Мекејн е роден во војничко семејство во Панама, која во тоа време беше територија на САД. Тој ги следеше стапките на неговиот татко и дедо и двајцата адмирали запишувајќи се во американската поморска академија каде што стана пилот.

Распореден во Виетнам во 1967-ма година Мекејн беше соборен и тешко повреден за време на бомбардирањето на Ханој. Многу децении подоцна тој се врати на местото на неговото апсење означено со споменик. Мекејн во затворот Хоа Ло познат како “Ханој Хилтон” мина тортура на години во самица.

Како син на висок офицер му било понудено предвремено ослободување но одбил велејќи дека ќе прифати само ако и неговите затвореници бидат ослободени.

Мекејн за време на неговата политичка кариера честопати ја спомнуваше оваа петгодишна затворска казна.

“Се вљубив во мојата земја кога бев затвореник во некоја друга. Не ја сакав само за многуте удобности на животот овде. Ја сакав поради нејзината пристојност поради нејзината вера во мудроста правдата и добрината на нејзините луѓе”. – истакнуваше Мекејн.

По враќањето дома Мекејн ја напушта морнарицата и во 1982-ра година станува конгресмен. Четири години подоцна тој беше избран за во Сенатот. Тој како републиканец беше познат по својата независност и подготвеноста да зборува отворено.

Мекејн ја започна својата прва претседателска кампања во 2000-та година но загуби на изборите во неговата партија од Џорџ Буш. Осум години подоцна тој ја доби претседателската номинација на Републиканската партија но загуби од тогашниот сенатор Барак Обама во 2008-ма година.

Мекејн до крајот на животот остана моќен глас во Конгресот на САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести