Го поздравувам и ме радува барањето за помош до градот Нанчанг од страна на градот Скопје.

Објавил: admin@magazin | 11 април, 2020 20:58

По барање на Коце Трајановски кинескиот град Нанчанг ни испрати 50.000 заштитни маски!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кинескиот град Нанчанг до главниот град Скопје испрати донација од 50 илјади заштитни маски во борбата против корона вирусот. Оваа донација не помина без реакции за тоа кој точно ја побарал во земјава.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, утринава на социјалните мрежи информираше дека на негово барање, збратимениот кинески град Нанчинг испратил донација до Република Македонија.

Веднаш по прогласувањето на вонредната состојба два пати јавно побарав од Градот Скопје да се обратиме до нашиот збратимен град Нанчанг за помош, пишува екс градоначалникот на град Скопје, Коце Трајаноски.

Бидејќи немав информација дали се обратиле стапив во контакт со нашите пријатели од Нанчанг со кој 8 години имавме прекрасна соработка. Го поздравувам и ме радува барањето за помош до градот Нанчанг од страна на градот Скопје. Во оваа ситуација не е битно дали сум јас или друг важно е помошта да стигне и да се распредели таму каде што е најпотребна. Најважно ми е здравјето на граѓаните.

Уште еднаш, благодарам Нанчанг – Пријателите се познаваат во маката.

Сакам да се заблагодарам на градоначалникот на збратимениот кинески град Нанчанг за брзата реакција на моето барање,и за донацијата од 50.000 заштитни маски.
Во овие тешки моменти оваа донација е многу значајна за жителите на Скопје. Пријателите се препознаваат во вакви моменти. Се надевам дека амбасадата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во НР КИНА ќе стори се донацијата брзо да дојде во Скопје со што ќе допринесе за намалување на последиците од корона вирусот.

На таа објава реагираа и од град Скопје, од каде порачаа дека ова не е време за политика.

Градот Скопје официјално со допис се обрати до збратимениот град Нанчанг и до амбасадата на НР Кина во Република Македонија за евентуална помош и донација на медицинска опрема од збратимениот град.

За тоа намена, Град Скопје имаше интензивна комуникација со градот Нанчанг и амбасадата на Република Македонија во НР Кина, како и со кинеската амбасада во нашата држава, стои во соопштението на град Скопје.

Не знаеме дали господинот Коце Трајановски ургирал до збратимениот град Нанчинг во НР Кина за добивање на заштитни маски, но ако навистина е така, Град Скопје ја поздравува неговата ангажираност.

Ова не е време за политика и фалење, туку е време за човечка помош во овие критични моменти.

Град Скопје во меѓувреме го организира и транспортот на донираната опрема, со цел истата што е можно побргу да стаса во нашиот град и биде од помош за надлежните градски и државни институции.
Уште еднаш во име на нашите граѓани, искажуваме голема благодарност кон збратимениот град Нанчанг и народот на НР Кина, стои во соопштението во Град Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.