Со игнорирањето на јавноста и медиумите градоначалникот Георгиевски го повлече бесот на Министерството за образование и сопствените граѓани

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 7:27

По сунетот во училиште во Гази Баба градоначалникот Георгиевски пред “сунет” од јавноста

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за образование и наука не издало никаква дозвола ниту знаело за приватната прослава за верскиот обред “сунет” во школски двор но и објектот во општинското училиште “Крсте Петков Мисирков” во Гази Баба.

Министерот за образование Арбер Адеми нагласи дека образовните институции не служат за ништо друго освен за тоа што се за образование.

Во саботата во училиштето беше организиран сунет a новинарските екипи кои пристигнаа на местото беа избркана со закани и навреди. Во неделата пак славениците беа поприемчиви и покажаа документ со потпис на градоначалникот на Општина Гази Баба Борче Георгиевски за кој велат дека е дозвола за одржување на ваков вид настан.

Од општината  најавија без реакции на обвинувањата.

Воедно ова не е прв пат во образовна институција да се извршува верски обред или приватна прослава. Пред само два месеца во основно училште во Радовиш кое исто така го носи името на “Крсте Петков Мисирков” во училишната менза по повод верскиот празник Рамазан Оџа вршеше верски обред пред почетокот на ифтарската вечера.

Но ако Георгиевски не сака да го слушне гласот на јавноста – таа станува се погласна

Откако се верски обред и приватна прослава во основното училиште “Крсте Петков Мисирков” во скопска Гази Баба загрижени родители јавно го запрашаа градоначалникот на општина дали во објекти кои се наменети за воспитување на деца е дозволено да се вршат верски прослави.

“Сакаме да го потсетиме градоначалникот Борче Георгиевски дека основна дејност и намена на училиштата треба да биде воспитување и образување на децата. Со кое право градоначалникот дал дозвола за вакво нешто. Дали училиштата се негова приватна сопственост и со нив може да располага како сака? Жителите се изреволтирани од неговото однесување особено по ингнорантскиот став како ништо да не се случило.” – велат загрижените граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести