Пратениците на ВМРО - ДПМНЕ, Дафина Стојановска и Зоран Илиоски со лични изјави по социјалните мрежи дека нема да поддржат устави измени во Собранието на Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 18:51

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ ги отворија картите, кој не е за уставни измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По низата шпекулации дека одреден број пратеници од пратеничкиот состав на ВМРО – ДПМНЕ ќе дадат своја поддршка за Уставни измени, актуелни пратеници преку социјалните мрежи започнаа кампања на јавно изјаснување.

Прва се изјасни пратеничката Дафина Стојановска од Гостивар, која истакна:

“Јас, како Дафина Стојаноска, нема да притиснам зелено копче за промена на Устав, со цел промена на уставно име.”

Веднаш по неа се огласи и пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ од Битола, Зоран Илиоски кој исто така го потврди својот интегритет кога е Уставот на Република Македонија во прашање.

Илиоски истакна:

“Како народен претставник непосредно избран да ги застапува граѓаните во Собранието, сум дал свечена изјава дека ќе го почитувам Уставот и ќе ги бранам интересите на Република Македонија. 

Како пратеник, немам ниту мандат, ниту овластување, а ни лична намера, да гласам за било какви измени во Уставот со кои би се променило уставното име на мојата Татковина – Република Македонија.”

Без разлика на исходот од референдумот, било тој да е позитивен или негативен или да нема излезеност, на крај само 120 пратеници во законодавнот дом ја имаат моќта да го прифатат Договорот од Преспа и да дадат поддршка за отворање на Уставот на Република Македонија и измени во истиот, особено во членовите за територијалниот интегритет, нацијата, идентитетот но и Преамбулата во која ќе се брише Илиденското Македонско востание, Крушевската Република и АСНОМ.

Правно на Заев му е потребни поддршка од 81 пратеник. Во моментов т.н. парламентарно мнозинство брои 72 пратеници со тшо на Заев му недостигаат уште 9 пратеници за поддршка.

Како јавноста почна и отворено да шпекулира со имиња на пратеници од составот на ВМРО – ДПМНЕ и коалиционите партнери (до сега шест на број) се очекува власта да по денешната Одлука на Уставен суд да го зголеми притисокот врз пратениците на опозицијата да ги поддржат Уставните измени. 

Начинот на индивидуално – поединечно изјаснување на крај очигледно е и најмеродавен, да се знае кој е предавник а кој патриот и во редовите на најголемата политичка партија во Македонија и нејзиниот пратенички состав.

Останува отворено прашањето дали јавно ќе се изјаснат сите пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата и кој ќе го премолчи моментот на лична изјава – јавна одговорност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.