Дали е точно дека УСБ-то со компромитирачките материјали од сексуалните фантазии на скопскиот бизнисмен излегле од сефот на Јанева во СЈО?

Објавил: Весна Петровска | 9 септември, 2019 15:32

Прашање до Рускоска: Дали е точно дека Ременски присуствувал на средбите со бизнисменот и служел како обезбедување на зделките читај. рекетот?

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Аферата Рекет стана популарна тема во Македонија, секој ден се дознаавт се повеќе детали во јавноста.
Добро знаеме дека телефонот на првоосомничениот Бојан Јовановски познат како Боки 13 беше однесен на вештачење. Интересно е што Инфомакс пишува дека во телефонот на Боки 13 биле пронајдени кодирани пораки, непрецизни информации на ниво на шпекулации и недоволно храброст да се објават вистинските податоци.

Дали тоа се прави намероно за да се дефокусира јавноста од вистинските сторители, или пак се работи за друга (лукративна можеби?) намера, останува на јавноста да пресуди.

Вилма Рускоска ја води истрагата за случајот „Рекет“

Инфомакс поставува прашања и бара одговори од Русковска.

Дали е точно дека УСБ-то со компромитирачките материјали од сексуалните фантазии на скопскиот бизнисмен излегле од сефот на Јанева во СЈО?
Дали е точно дека на бизнисмеот му биле испраќани „парчиња“ од внатрешноста на Македонија, а за тие услуги тој исплаќал сериозни суми на пари?
Дали е точно дека еден дел од тие пари биле ипслатени преку фирма на неговиот зет на сметка на „Меѓународен Сојуз“ како инвестиција во проект за дом за стари лица?
Дали е точно дека Ременски присуствувал на средбите со бизнисменот и служел како обезбедување на зделките читај. рекетот?
Дали е точно дека на телефонот Ајфон одземен од Бојан Јовановски со „златно-жолта боја“ ИМЕИ бр. 357……. и СИМ картичка бр.893……….. се најдени пораки од Зоран Заев?
Дали е точно дека материјалите кои се предмет на јавна дебата се најдени на УСБ „Урбан Крузер“, „Супер Тален“?
Дали е точно дека е најден крипто-телефонот на Милевски марка „Биттиум“, и што има на него?
Дали е точно дека средбите се остварувале во еден елитен ресторан на излезот на Скопје, кон Велес?
Дали е точно дека Зоран Заев во пораките кои ги разменил со Јовановски бил информиран за она што го правел бизнисменот, и дали е точно дека ги одобрил активностите на Боки и неговите компањони?

За потсетување, на 15 јули приведени беа првите двајца осомничени за случајот Рекет, Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милески познат како Зоки Кичеец. 

Јовановски и Зоран Милески – Кичеец се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.