Боки 13 имал силно воспаление на желудникот, заради што му се прави операција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 септември, 2020 21:56

БОКИ 13 ИТНО ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА: Во моментов е на операција!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 утринава итно е пренесен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, или поранешна Градска болница во Скопје, пишува Фактор.

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 (Скопје, 19 август 1986) — поранешен македонски шоумен, водител, имитатор, менаџер и пејач, познат по својата екстравагантност. Во 2019 година судските власти во Македонија покренале постапка со која се обвинува Јовановски, подоцна и притворува, за рекет, односно изнуда на парични средства од македонски стопанственици заради олеснување при судски процеси во кои се вмешани стопанствениците. Основач е на телевизија и невладина организација, кои исто така се вмешани во скандалот „Рекет“.

Боки 13 имал силно воспаление на желудникот, заради што му се прави операција.

И претходно, додека траеја судските рочишта Боки 13 често се жалеше дека има сериозни здравствени проблеми. 

Тој досега поднесе кривични пријави за најмалку 30 лица во скопското обвинителствокои се поврзани со случаите „Рекет“ и „Меѓународен Сојуз“ и се однесуваат на злоупотреба на службената положба, несовесно лекување, измама и така натаму.

За потсетување, Бојан Јовановски-Боки 13 е првообвинет за случајот Рекет. Тој и Катица Јанева се прогласени за виновни во истиот, а Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести